Мицкоски апелира низ цела земја да се интонира македонската химна пред наставата во училиштата

од Nikola Popovski
176 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска истакна дека секој граѓанин треба да покаже почит кон еден од основните симболи кон државата во која е роден и му овозможола да создаде семејество и да се образовува. Ова го изјави тој, одговарајќи на новинарско прашање дали пуштањето на македонската химна секој понеделник пред почетокот на наставата, освен во училиштата во Аеродром и Гази Баба, ќе се спроведува секаде каде што има градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што појасни Мицкоски, покрај знамето и химната е една од тие атрибути.

-Јас тоа не би го партизирал ова. Мислам дека треба да биде политика која што ќе биде централизирана и МОН ќе ја спорведе низ целата територија. Низ цела Македонија треба да има ваков начин покажување почит кон државата во која живееме. Апелирам до министерот за образование ова да биде државна политика и ова да биде политика која што сите општини ќе ја спроведуваат, рече Мицкоски, посочувајќи дека во САД сите гордо стојат пред интонирање пред американската химна од сите нации кои живеат таму.

-Оној кој не ги почитува националните атрибути на државата во која живее, тогаш имаме сериозен системски проблем, додаде лидерот на опозицијата.

Слични содржини