Ѓоковиќ ги крсти децата во манастирот Острог

од Vladimir Zorba
3,7K прегледи

Новак Ѓоковиќ со одлична причина пристигна во Острог. Тој заедно со семејството и кумовите пристигна во едно од најголемите српски светилишта за да ги крсти своите деца. Тара и Стефан Ѓоковиќ заедно беа крстен во манастирот Острог, Стефан на девет, а Тара на шест години.

Крштевањето го изврши српскиот патријарх Порфирије, а традиционално Новак ја избира Црна Гора за место каде што ќе ги одбележи најважните моменти од семејниот живот. Со сопругата Јелена се венча во Свети Стефан, а сега ги крсти децата малку посеверно.

Малечките беа облечени во бело за време на церемонијата, а Новак разговараше со патријархот Порфирије пред самата церемонија.

Тара и Стефан Ѓоковиќ

Тара и Стефан Ѓоковиќ

Новак многупати зборуваше за тоа колку му значи верата, а последен пат детално зборуваше за тоа кога го освои УС Опен. Тогаш рече дека во најтешките моменти и во животот и во тенисот се врти кон Бога.

„Најискрено ќе кажам, Бог и ангели чувари. Во оние моменти кога физички и материјално не можете да ги почувствувате нозете, земјата под вашите нозе се врти, небото над вашата глава. Тогаш со твојата вера што ја имаш, се надеваш дека ќе има божествена интервенција. Можеби нема да ми верувате, но ова ми се има случено многу пати во кариерата. Се изненадив, ментално размислувајќи, како поминав преку тоа. Можно е ако верувате во Бог и ако верувате дека постои виша сила која ви помага. Го сфаќам тоа сериозно и верувам. Дефинитивно имаше божествено присуство“, рече Ѓоковиќ.

Слични содржини