ВМРО-ДПМНЕ: Со 80 денари на ден, преживуваат 80 илјади луѓе

од Nikola Popovski
524 прегледи

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека до крајот на оваа 2023-та година, веќе ќе има 600 илјади граѓани, кои ќе живеат во сиромаштија, со 150 денари на ден, што е секој трет човек во државата, а таа бројка пред само неколку години била 360 илјади граѓани.

Како што велат од најголемата опозициска партија, „со бедни 80 денари на ден, преживуваат 80 илјади луѓе“.

-Ова се поразителни и катастрофални бројки. Во исто време сведоци сме дека функционерите на ДУИ и СДС, секој ден се богатат на грбот на народот и тоа не само они, туку и нивните деца и внуци, кои вртат милионски суми и купуваат имоти на атрактивни локации во центарот на Скопје.

Граѓаните бараат одговорност, а одговорноста ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ, по убедливата победата на следните избори, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред десетина дена, економскиот истражувач проф. д-р Бранимир Јовановиќ на панел-дискусија изнесе податоци кои покажуваат дека до крајот на 2023 година ние би имале вкупно 510 000 граѓани што се во умерена сиромаштија. Како што информира, тука спаѓаат сите што имаат помалку од 200 денари на ден, што значи повеќе од четвртина од државата ќе имаат само за преживување.