Казни за 252 возачи во Скопје, седуммина возеле под дејство на алкохол

од Nikola Popovski
497 прегледи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 252 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 177 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол.

-Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), информираат од МВР.