Почина гитаристот на бендот Massive Attack

од Stefanija Kuzmanovska
2,6K прегледи

Гитаристот на британската група Massive Attack Анџело Брусини почина на 44-годишна возраст од рак на белите дробови, соопшти бендот од Бристол.

„Исклучително брилијантен и ексцентричен талент. Невозможно е да се опише придонесот на Анџело во опусот на бендот Massive Attack. Среќни сме што го делевме животот“, се вели во соопштението на членовите на бендот, пишува Би-Би-Си.

Анџело Брусини, кој е роден во Бристол, се приклучил на познатиот трип-хоп бенд во средината на деведесеттите.

Пред да започне да свири гитара во Massive Attack, основана во 1989 година, Брусини свирел со други групи, како што се „The Numbers“, „Rimshots“ и „The Blue Airplane“.

Во 1997 година, Брусини го продуцираше истоимениот албум на алтернативната рок група „Strangelove“, потсетува Би-Би-Си.

Во јули, музичарот на социјалните мрежи напиша дека боледува од рак на белите дробови, додавајќи:

„Имав одличен живот, многу пати го видов светот, запознав толку прекрасни луѓе, но вратата полека се затвора и мислам дека ќе напишам книга“.

Слични содржини