Доктор испратен во Газа: „Ситуацијата таму го прави пеколот на Данте да изгледа како чајанка“

од Stefanija Kuzmanovska
287 прегледи

Медс Гилберт, од Норвешкиот одбор за помош, зборуваше за Newshour на Би-Би-Си од Египет, каде што чека да влезе во Газа. Тој рече дека неговите колеги во Газа ги опишале ужасите кои се секојдневие таму.

„Замислете болница со 5.000 до 15.000 цивилни бегалци, преплавени со пациенти на кои им е потребна хируршка нега, а потоа светлата се гаснат. Мислам дека можете да замислите колку е тешко тоа“, рече тој.

Десетици луѓе се сериозно повредени како резултат на израелските бомбардирања, рече тој, а стресот од ситуацијата ги испраќа бремените жени на предвремено породување.

Претстојат уште предизвици, додаде тој, бидејќи ограничениот пристап до чиста вода и храна може да предизвика големи епидемии на болести.

Внатре во болниците, клучната опрема е без струја, како што се респиратори, монитори, пумпи за инфузија и инкубатори за новороденчиња.

Тој, исто така, опиша дека гледал видео кое му го испратил лекар во Газа – на кое се гледа друг лекар како клечи пред болница, шокиран откако дознал дека целото негово семејство е убиено.

Д-р Гилберт навел дека медицинскиот персонал некако се обидува да ја заврши својата работа додека се бори со стравот за сопствените семејства и тагата за паднатите членови на семејството или пријателите.

Осврнувајќи се на познатиот италијански еп за пеколот, тој додал: „Ситуацијата во Газа го прави пеколот на Данте да изгледа како чајанка“.

Слични содржини