Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (UNRWA) на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека до вечерва ќе остане без гориво, поради што ќе биде принудена да ги прекине своите операции во Газа. Одговор набрзо стигна од израелската армија (ИДФ) која ги упати кон Хамас.
„Доколку не добиеме гориво итно, ќе бидеме принудени да ги прекинеме нашите операции во Појасот Газа“, објави UNRWA.
Следуваше одговорот на ИДФ.
„Прашајте го Хамас дали може да добиете гориво“, напишаа од ИДФ заедно со сателитска фотографија на која се прикажани, како што велат, десетина магацини во Појасот Газа со 500.000 литри гориво.
These fuel tanks are inside Gaza.
They contain more than 500,000 liters of fuel.
Ask Hamas if you can have some. https://t.co/Dlag6VdbMq pic.twitter.com/WXzZMFr8yI
— Israel Defense Forces (@IDF) October 24, 2023
ИДФ го обвинува Хамас дека складира гориво, но одбива да го дава на болниците кои работат под тешки услови.
Израел ја блокираше испораката на гориво, лекови, храна и вода во Газа, откако Хамас го нападна јужен Израел на 7 октомври. Иако блокадата останува на сила, челниците на ИДФ рекоа дека ќе се направат се за да се обезбеди пристап до гориво во Газа секаде каде што е потребно за да се олесни хуманитарната криза.
Тој додаде дека Израел „нема да дозволи горивото да заврши кај Хамас за да може да продолжи да се бори против граѓаните на Израел“.