Од почетокот на годината во руската армија се приклучиле 385.000 луѓе

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Од почетокот на годината во руската армија се приклучиле 385.000 луѓе, од кои 80.000 се доброволци, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев на состанокот за регрутирање на руските вооружени сили.

„Од 1 јануари до 25 октомври речиси 385.000 луѓе стапиле во воена служба, од кои 305.000 воени лица биле регистрирани според договорот за воена служба и околу 80.000 доброволци“, рече Медведев, пренесе Тасс.

Според него, „темпото на прифаќање воена служба по договор е значително зголемено“ и секој ден над 1.600 луѓе склучуваат договори со вооружените сили.

Медведев истакна дека секој од војниците заслужува максимална почит и ќе им биде укажана сета потребна поддршка.

Слични содржини