Пронајден мртов скопјанец во неговиот дом

од Nikola Popovski
295 прегледи

Скопјанец бил пронајден починат во својот дом во скопската населба, Ѓорче Петров, информираат од МВР.

Според полицискиот билтен, вчера во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат М.Т.(53) од Скопје.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.