Орбан: Оние кои ја поддржуваат имиграцијата го поддржуваат и тероризмот

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави во четвртокот дека гледа „јасна поврзаност меѓу терористичките напади и имиграцијата“, пристигнувајќи на европскиот самит во Брисел.

„Искрено се надевам дека се поголем број луѓе овде во Брисел ќе увидат дека има многу јасна врска помеѓу терористичките напади и имиграцијата. Оние кои ја поддржуваат имиграцијата го поддржуваат и тероризмот“, рече националистичкиот лидер кој се противи на реформите на системот за азил на ЕУ.

Оваа реформа, за која моментално се преговара, предвидува построга контрола на надворешните граници на ЕУ и механизам за солидарност меѓу земјите-членки наспроти приливот на мигранти.

Неодамна, двајца радикализирани странци на кои им беше одбиен азил извршија напади во Франција и Белгија.

На самитот, шефовите на држави и влади треба да разговараат за зголемувањето на повеќегодишниот буџет на ЕУ, кој предвидува 50 милијарди евра помош за Украина во следните четири години – од кои 17 милијарди субвенции и 33 милијарди заеми – и уште 15 милијарди евра за управување со миграцијата (построга контрола на границата и соработка со трети земји).

„Позицијата на Унгарија е јасна (…) ние не сакаме да даваме пари на мигрантите, не сакаме да даваме пари на Украина, освен ако не добиеме добро образложен предлог“, додаде Виктор Орбан.

Одговарајќи на прашање за војната меѓу Израел и Хамас, тој посочи дека е во „интерес на Европа“ да се „стабилизира“ регионот.

„Доколку Израел и Египет се дестабилизираат, протокот на мигранти од таа област веднаш ќе се сврти кон Европа“, рече тој.

Слични содржини