Премиерот Димитар Ковачевски информира дека вчера имал одвоени средби со четири лидери на партиите кои се дел од владеачката коалиција. Едната средба била со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
-Во Министерството за Правда веќе има работна група каде сите партии имаат свои претставници и единствено ВМРО-ДПМНЕ нема свој претставник. Затоа ги поттикнувам да имаат свој претставник – не може една или две партии да одлучуваат за процес каде одлучуваат 32 партии. Изборите се распишуваат согласно закон, Устав и во роковите, рече Ковачевски од општина Дојран.
Премиерот потсети дека во минатото додека владееше ВМРО-ДПМНЕ, „тогашниот премиер на аеродром кажуваше кога ќе има избори и потоа се водеа тешки преговори“.
-Тоа водеше до тешка политичка криза и државата не одеше напред. Денеска изградиме демократско општество каде што процесите се водат во институциите, според закони и она што е пропишано во прописите на државата, истакна претседателот на Владата.