Во рамките на министерскиот форум за правда ЕУ-Западен Балкан, кој годинава се одржува во Скопје, министерот за правда, Кренар Лога се сретнал со неговата шпанска колешка, Мариа Пилар Лоп Куенка, на која и се заблагодарил, како што вели, што го избрала Скопје и нас како партнери за најважната организација за Западен Балкан и ЕУ.
-Во континуитетот на нашите заеднички напори за приближување на земјата кон ЕУ, разговаравме за процесот на реформи и сите предизвици со кои се соочуваме. Министерката за правда на Шпанија ja информирав за проектите и законските решениjа во правосудниот систем, а разговаравме и за извештајот од оценнсла комисија кој ќе ги исцрта насоките по кои ќе се движиме наредниот период.
Главна тема на денешната средба беше и процесот на дигитализација во правосудство за што работиме на изнаоѓање на најсоодветни решенија, преку користење на најдобрите искуства и со директна помош од нашите пријатели за овој важен пројект.
Правната држава и владеењето на правото се главните столбови на едно деморкатско европско општество, за што остануваме сериозно посветени во овие важни моменти за европската иднина на нашата земја, стои во соопштение на Министерството за Правда.