162
Времето денеска ќе биде сончево со слаб ветер од јужен правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе достигне до 8 степени, а максималната 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 24 степени.
Од вторник облачноста ќе се зголеми, а во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе се намали за околу пет степени. Потоа нов поинтензивен влажен бран се очекува во петок кон крајот на денот и во сабота.