Осуденик од „Шутка“ почина на скопските клиники

од Nikola Popovski
265 прегледи

Вчера починал затвореник од затворот „Шутка“, информира МВР.

Според полицискиот билтен, на 29.10.2023 во 00.30 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека осуденикот Н.Е.(65) од Тетово починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што претходно бил пренесен поради здравствени проблеми.

По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.