📽 Антиизраелски демонстранти упаднале на руски аеродром, уапсени 60 лица

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Шеесет лица беа уапсени откако голем број антиизраелски демонстранти упаднале на аеродромот во Махачкала во неделата.

Аеродромот се наоѓа во руската република Дагестан, јави руската новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на локални истражители.

Беше наведено и дека полицијата идентификувала 150 „најактивни“ демонстранти.

Инцидентите се случиле откако слетал авион од Тел Авив.

За време на немирите повредени се 20 демонстранти, како и девет полицајци, од кои двајца се хоспитализирани.

Водачот на Дагестан, Сергеј Меликов, изјавил дека аеродромот повторно ќе биде оперативен „во рок од два до три дена“.

Синоќа, безбедносните сили отстраниле граѓани кои неовластено влегле на аеродромот во Дагестан, откако група луѓе предизвикале немир при слетувањето на авион од Тел Авив, околу 22:20 часот по московско време.

Толпа луѓе се упатиле кон пистата на аеродромот, а како што пренесуваат руските агенции, тие што се пробиле најверојатно се обиделе да стигнат до патниците кои слетале од Израел.

Авионите кои требаше да слетаат на тој аеродром беа пренасочени на други аеродроми.

Слични содржини