ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО на германка киднапирана од Хамас: Се огласија нејзините мајка и сестра

од Stefanija Kuzmanovska
548 прегледи

Телото на израелско-германската државјанка Шани Лук, за која се верува дека била киднапирана за време на нападот на Хамас на музички фестивал во Рејм, наводно било пронајдено денеска, пишува Jerusalem Post.

Ади, сестрата на Шани Лук, на Инстаграм ја потврди смртта на киднапираната девојка.

За потсетување, Шани Лук беше снимена како лежи неподвижна на заден дел од пикап, откако беше киднапирана и однесена во Газа.

Од самата снимка не можеше да се утврди дали е жива, но нејзината мајка неколку дена подоцна изјави дека е жива и дека е во болница во Газа.

Рикарда, мајката на Шани Лук, изјавила за германски RTL дека била информирана за смртта на нејзината ќерка во неделата.

Како што пишува Jerusalem Post, се уште е нејасно дали Шани Лук навистина била жива во болницата во Газа, а не е познато и каде е пронајдено нејзиното тело, како и дали е вратено во Израел.

Шани Лук присуствуваше на музичкиот фестивал Супернова во близина на границата на Појасот Газа кога милитантите на Хамас извршија голем напад на 7 октомври.

Слични содржини