Премиерот откри зошто Македонија гласала воздржано за резолуцијата на ОН со која се бара итно хуманитарно примирје во Газа

од Nikola Popovski
193 прегледи

С. Македонија го поддржува хуманитарниот аспект на Јорданската резолуција во ООН и почитување на меѓународното хуминитарно право. голем слабост на резолуцијата е неспомнувањето на терористичкиот акт на Хамас од 7-ми октомври кој ние најостро го осудивме, како и правото на Израел да се брани. Затоа и гласавме за канадскиот амандман на Резолуцијата, одговори премиерот Димитар Ковачевски на прашањето зошто нашата земјава гласаше „воздржано“ на Резолуцијата, која беше усвоена со двотретинско мнозинство, со која се повикува Израел да го прекине огнот за да им помогне на луѓето во Газа.

Одлуката за гласање не беше лесна и одлучивме да бидеме „воздржани“, објасни претседателот на Владата, затоа што Резолуцијата од една страна ги адресира хуманитарните прашања, со кои се согласуваме и ги поддржуваме, но отсуството на спомнувањето на она што Хамас го направи, не остава простор за поинаков пристап во гласањето.

Ковачевски истакна дека нашиот амбасадор во ООН, Љубомир Фрчковски бил во комуникација и ставот го добил од МНР.

-Се работи за став на Владата, додаде премиерот на прес-конференцијата во Владата.

Резолуцијата, предложена од Јордан, ги осудува сите акти на насилство врз палестинските и израелските цивили, вклучително и сите „терористички и неселективни напади“.

Резолуцијата на ОН со која се повикува на непречена помош и заштита на цивилите доби 120 гласа „за“, 14 „против“ и 45 „воздржани“.

Од нашиот регион, Словенија, БиХ и Црна Гора гласаа за резолуцијата, Хрватска беше против, додека Србија, Албанија, Македонија, Бугарија и Грција биле воздржани.

Слични содржини