Трајанов: Глупаво е да се каже дека сега ние немаме работа со Бугарија, туку со ЕУ

од Nikola Popovski
206 прегледи

Во целина посетата е од огромно значење. За нас е клучно што има интерес за Македонија од ЕУ. Спорно е што ЕУ прифати билатералните прашања кои Бугарија ги наметна, со негација на македонскиот народ и јазик, со отворање на крупни историски прашања. ЕУ да се држеше до принципите и универзалните вредности за правата на самоопределување, апсолутно не требаше да разговара за тие прашања. Требаше тоа да се остави на нас, изјави лидерот на ДС, Павле Трајанов за денешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Според него, глупост е да се каже дека сега „ние немаме работа со Бугарија, туку со ЕУ“ околу преговарачката рамка.

-Катастрофа е да преговараме за правата на Бугарија со ЕУ. Францускиот предлог во првата верзија сите го отфрливме, за после недела дена да го прифати претседателот и Владата и после почнаа консултациите. Немаше никакви ситни дотерувања на предлогот. Не е фер ЕУ или пак целата работа околу движењето кон Европа. Некој овој процес постојано го кочи. Нема консензус меѓу водечките сили во ЕУ околу тоа дека треба да бидеме примени, рече Трајанов во емисијата „Студио 10“.

Слични содржини