ПУКАЊЕ НА ЗАБАВА за Ноќта на вештерките во Чикаго, ранети најмалку 15 лица

од Stefanija Kuzmanovska
202 прегледи

Најмалку 15 лица се ранети кога непознато лице отворило оган за време на забава по повод Ноќта на вештерките во американскиот град Чикаго, Илиноис, соопшти локалната полиција.

Инцидентот се случил во населбата Норт Лоундејл, а од полицијата велат дека осомничениот е приведен.

„По пријавата, полицијата затекнала непознат маж како пука на локацијата каде се одржувала забавата. Напаѓачот побегнал пеш, но набрзо бил фатен и приведен“, се вели во соопштението.

Инцидентот се случил на забава на која присуствувале околу 100 луѓе.

Сите повредени биле пренесени во блиските болници. Две лица, 26-годишна девојка и 48-годишен маж се во критична состојба.

Полицијата го соопшти идентитетот на сите повредени во престрелката, нивната возраст и степенот на повредите.

Во полициското соопштение се додава дека локални детективи покренале истрага и дека од осомничениот е одземен пиштол, пренесува СРНА.

Слични содржини