📽 Огорчена девојка на венчавката на своето поранешно момче ги полила младенците со измет

од Stefanija Kuzmanovska
286 прегледи

Неименувана Боливијка му го уништила денот на венчавката на своето поранешно момче чекајќи го да ја напушти црквата со неговата сопруга и посипувајќи ги со мешавина од измет и масло. Притоа, таа ја погодила невестата директно во лицето, а видеото покажува дека се оштетени оделата и на други гости.

Шокантната сцена стана вирална на бројни латиноамерикански портали.

Телевизијата Телемундо во својот извештај наведе дека невестата веднаш по скандалот се огласила на социјалните мрежи и го напишала следново:

„Би сакала да нè оставиш да си го живееме животот во мир сега кога ја дочека својата одмазда“, ѝ порачала таа на својата ривалка, чија страна на приказната засега е непозната за јавноста.

Слични содржини