254
Денеска (30.10.2023) во 12.15 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.К.(54) од с.Арачиново.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казна затвор од пет години и девет месеци. Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.