Ќе се блокираат сметките на компаниите кои не платиле данок на солидарност

од Nikola Popovski
232 прегледи

Пријавена одговорност за плаќање на данокот на солидарност имаат 150 даночни обврзници. Вкупната сума која е уплатена до денес е 2 210 108 927 денари. Најнискиот износ на платен данок на солидарност изнесува 39.342 денари, додека највисокиот изнесува 257 293 88 денари, информира директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Како што истакна, бидејќи рокот беше до 25-ти октомври, за сите оние што не платиле ваков данок, УЈП ќе преземе мерки и ќе ги достават опомените на 6-ти ноември.

-На 24 ноември веќе ќе пристапиме кон блокирање на нивните сметки. Ги известивме сите за начинот на постапување и како ќе плаќа. Може на три рати до крајот на 2023 или еднократко одлагање на рокот до декември. Важат истите обврски од законот, кажа Лукаревска.

Според неа, досега 99 даночни обврзници направиле даночна уплата.

Слични содржини