Фон дер Лејен пристигна во Белград, на аеродромот ја пречека Вучиќ

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лејен денеска пристигна во Белград во рамки на нејзината посета на регионот.

На аеродромот „Никола Тесла“ ја пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со кој подоцна ќе се сретне во Палатата Србија.

„Нè очекуваат целодневни разговори во кои ќе изразам секаква благодарност до ЕУ за помошта и поддршката што ни ја пружи, со надеж дека Србија ќе има сила да ги исполни своите обврски за пристапување и да стане дел од семејството на Европски народи“, напиша Вучиќ на Инстаграм под фотографијата од пречекот.

Фон дер Лејен во текот на денот ќе се сретне и со премиерката Ана Брнабиќ.

Таа е во Белград во рамки на балканската турнеја на која го презентира инвестицискиот план за поддршка на земјите од регионот, кој треба да ги забрза реформите, да го стимулира економскиот раст и да ја зајакне економската соработка во регионот.

Таа во Белград пристигна од Подгорица, каде што се сретна со претседателот и премиер на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и Милојко Спајиќ.

Слични содржини