За првпат од почетокот на конфликтот, Израел го употреби системот за противвоздушна одбрана Arrow, развиен во соработка со САД.
Одбранбеното оружје беше употребено за пресретнување на ракета „земја-земја“ истрелана од областа на Црвеното Море, соопшти ИДФ.
„Нашите радари ја следеа траекторијата на ракетата, а системот Arrow успешно ја пресретна на оптималната локација“, се додава во соопштението.
Информациите доаѓаат откако се огласија сирените за воздушен напад во градот Еилат на Црвеното Море, а ИДФ соопшти дека соборила „воздушна цел“.
По првичното предупредување за можен „упад на непријателски авион“, израелската војска објави дека „системите идентификувале воздушна цел“ и дека нема закана или ризик за цивилите.
Arrow од генерацијата 2 и 3, заедно со ракетите Барак-8 и ласерскиот топ, се дел од израелската противракетна одбрана (Железна купола).
Четвртата генерација Arrow ќе биде дизајнирана да пресретнува хиперсонични ракети, а се произведуваат во соработка меѓу Израелската аерокосмичка индустрија (IAI) и Боинг.