Доктор брутално искрено: На тешко ранетите деца во Газа речиси им е подобро да умрат

од Stefanija Kuzmanovska
232 прегледи

Најголемата болница во Газа има гориво за генераторите за уште неколку часа, изјави д-р Омар Абдел-Манан за Sky News.

Тој додаде дека е во контакт со медицински експерти во болницата Ал Шифа на „дневна основа“ и дека ситуацијата е „катастрофална“.

„Најголемата грижа што ја имав синоќа беше последната порака што ја добив од колега, кој рече дека нивните генератори можат да работат уште само неколку часа“, рече тој.

Објаснувајќи што би значело тоа, тој рече дека светилките ќе се изгаснат, вентилаторите ќе престанат да работат, предвремено родените бебиња „ќе умрат“ и „оние кои се на дијализа секој ден ќе започнат да умираат“.

„Искрено, ова е хуманитарна катастрофа полоша од која било во поновата историја“, додаде педијатарот.

Тој рече дека видел фотографии од деца со „распарчени екстремитети, изобличени тела и изгореници на нивните лица“ и додаде дека „нема достапен лек за овие деца“.

„Речиси ќе им биде подобро да се мртви, тоа е реалноста“, рече тој. „Тие се во страшни болки, во агонија“, додал докторот.

Слични содржини