193
Пензионерка нападнала вработена во јавното претпријатие „Градски паркинг“, соопштија од МВР.
Според полицискиот билтен, немилиот настан се случил во понеделникот наутро на паркинг простор на територија на Центар.
-На 30.10.2023 во 08.30 часот во СВР Скопје, Х.А.(38) од Скопје, вработена во Ј.П. „Градски паркинг“, пријавила дека околу 07.45 часот на паркинг простор на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи, била физички нападната од С.С.(72) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираа од полицијата.