Работно време на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје за утрешниот празник

од Vladimir Zorba

Утре, 8 Септември 2023 година, по повод Денот на независноста, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), кадешто продолжува редовно работно време 09:00 – 16:00часот.

Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00:00 до 24:00 часот.

Слични содржини