Неверојатен скок на Надал: Напредуваше за преку 200 места на АТП листата

од Nikola Popovski

Рафаел Надал, познатиот шпански тенисер, доживеа голем напредок на АТП листата. По враќањето на земјена подлога, Надал најпрво стигна до најдобрите 600 во светот. Тоа беше по турнирот во Барселона каде беше поразен од Алекс Де Минор.

Потоа на турнирот во Мадрид стигна до осминафиналето, а таму подобар од него беше Јиржи Лехечка.

Така по Мадрид скокна од 512. на 305. место на АТП рангирањето.

На Надал сега му претстои уште еден Мастерс, оној во Рим, каде што стартува како квалификант, по што треба да игра против Хуберт Хуркач, доколку стигне до главната ждрепка.

Слични содржини