Мицкоски се сретнал со Таравари во штабот на „ВЛЕН“

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска остварил средба со кандидатот за претседател од првиот круг и член на коалицијата „ВЛЕН“, Арбен Таравари. Мицкоски бил во посета на централниот штаб на „ВЛЕН“ на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.

Како што може да се види од фотографијата од средбата, двајцата политичари си подале рака.

Според информациите, на средбата се разговарало за принципите на новата реформска влада, како и за агендата, главно насочена кон борба против криминалот и корупцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја потврдуваат средбата, наведувајќи дека на неа се разговарало за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка.

Средбата меѓу двајцата политичари се случува на само два дена пред претстојните двојни избори.

На првиот круг од претседателските избори, кандидатот на „ВЛЕН“, Таравари заврши на четвртото место од седумтемина кандидати со освоени 83.356 или 9,21 отсто од гласовите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати истакна дека народот кажал дека идната влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а во нејзе ќе биде коалицијата која на овие избори настапи под името „ВЛЕН“.

Слични содржини