Ќе бидат изнајмени возила кои ги исполнуваат стандардите на ОБСЕ, вели премиерот за превозот на гостите

од Nikola Popovski
159 прегледи

Самитот на ОБСЕ е најголемиот настан кој што нашата држава го организира од своето постоење. 70 делегации од држави и дополнително делегации од меѓународн институции. Ќе бидат искористени сите возила кои ги исполнуваат стандардите на ОБСЕ во однос на организирање на ваква конференција, а кои што ги користат државните институции, вели премиерот Димитар Ковачевски за тендерот за изнајмување на возила, со кои ќе се превезуваат низ Скопје министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ за време на самитот во декември.

Ковачевски додаде дека ќе бидат изнајмени возила, поради тоа што има недостаток на такви возила.

-Постапката според МНР е согласно законите и во рамките на тој лимит, ќе биде искористено за изнајмување на возила за делегациите. Сите детали за организацијата се во МНР, рече денеска премиерот пред новинарите.

МНР за потребите на самитот на ОБСЕ кој ќе се одржи во декември во Скопје, ќе издвои 960 илјади евра за изнајмување на автомобили со кои ќе се возат министрите на земјите членки на оваа организација.

Компанијата „АБЦ рент а кар“ треба да изнајми 175 возила, меѓу кои се 35 ВИП возила задолжително во црна боја, 70 автомбили од средна класа, 25 треба да бидат миниван, 25 минибуси и 10 автобуси….

Слични содржини