Повеќе од 500 лица добиле обештетување од 100 000 евра во доменот на патничкото осигурување

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Охрабрува фактот што во земјава расте интересот за осигурување, а според бројките, најголем е интересот за каско осигурувањето, како и за приватното здравствено осигурување, но и за другите видови. Најновите трендови препорачуваат осигурување од одговорност согласно дејноста, но и се наметнува потребата од справување со современите предизвици, како што се ризиците од сајбер нападите.

Од друга страна, расте и исплатата од осигурителните компании по разни основи, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на настанот во Стопанската комора по повод Националниот ден на осигурувањето, 1 Ноември.

Според прелиминарните податоци, во споредба со август минатата година, осигурениците наплатиле 22 отсто повеќе, односно 57 милиони денари или над 930 илјади евра. Голем дел од исплатата се однесува на медицински трошоци, додека, сопствениците на моторни возила, од штетите покриени со каско осигурување наплатиле над еден милиони евра. Обештетување од 100 000 евра добиле повеќе од 500 лица и тоа во доменот на патничкото осигурување.

Слични содржини