168
Министерството за здравство на палестинскиот Хамас денеска соопшти дека од 7 октомври во израелските напади врз Појасот Газа загинале 8.796 лица.
Тоа значи дека во последните 24 часа починале уште 271 лице, јавува Би-Би-Си.
Се додава дека меѓу убиените има 3.648 деца.
Израел започна воздушни напади врз Газа откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври.