Борел: Шокиран сум од бројот на жртви во израелското бомбардирање на бегалскиот камп

од Stefanija Kuzmanovska
187 прегледи

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, е „шокиран“ од големиот број жртви во израелското бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија во Појасот Газа и нагласи дека обврската за заштита на цивилите е морална и законска.

„Надоврзувајќи се се на јасната позиција на Советот на ЕУ дека Израел има право да се брани во согласност со меѓународното хуманитарно право и обезбедувајќи заштита на сите цивили, шокиран сум од големиот број жртви по израелското бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија“, напиша Борел на платформата X.

Израел денеска повторно, втор ден по ред, го гаѓаше бегалскиот камп Џабалија, објави палестинската агенција ВАФА, наведувајќи дека во нападот загинале и ранети се десетици цивили.

Како што е наведено, Израел со неколку проектили целел на станбена зона во областа Ел Фалуг во кампот Џабалија.

Израелските сили и вчера ја бомбардираа Џабалија при што загинаа најмалку 50 луѓе.

Слични содржини