Рускиот претседател Владимир Путин денеска на состанок за економски прашања оцени дека Западот може да прибегне кон саботажи бидејќи, како што рече, санкциите против Русија се „бескорисни“.
Тој потсети на саботажата на гасоводот „Северен тек“, како и на неодамнешните обиди да се обвини Русија за оштетувањето на гасоводот меѓу Финска и Естонија и изјави дека таквите настани може да се искористат за „наштетување“ на Русија, пренесе РИА Новости.
Путин побара таквите ризици да се пресметаат однапред и проактивно да се реагира.