ДС бара од Рамадани да ѝ се извини на јавноста

од Nikola Popovski
231 прегледи

Демократскиот сојуз најостро го осудува настапот на Исмет Рамадани на КАНАЛ 5 со кој, велат од партијата, директно ги загрозува новинарите и слободата на говорот.

-Исмет Рамадани во недостаток на аргументи во одбраната на Димитар Ковачевски и Артан Груби во обидот преку Врховниот суд да ја активираат одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција на 56 функционери и нивно ослободување од кривична одговорност, манифестираше примитивизам и говор на омраза на етничка основа, стои во соопштението.

Демократскиот сојуз бара Исмет Рамадани да му се извини на новинарот на КАНАЛ 5, како и на јавноста.

-Ваквите дрски и неаргументирани напади нема да им помогнат на евроинтеграциските процеси, ниту ќе придонесат за јакнење на единството и заштита на виталните државни интереси. Слободата на говорот, јавното изразување и објективноста се темелни вредности на новинарската професија неопходни за развој на демократијата, велат од ДС.

Слични содржини