Тевдовски: Во земјава има голема сива економија која може да се истисне ако се намалат плаќањата во кеш

од Nikola Popovski
199 прегледи

Поранешниот министер за финансии и универзитетски професор, Драган Тевдоски денеска изнесе информации дека нашата земја има најниска приходна страна во Европа, под 30% од БДП. Со тоа како што вели, Македонија е на ниво на Косово и Албанија.

-Апсолутно треба да се размислува за даночни реформи. Тоа е начинот ако сакате да се движете кон земји со поголема расходна страна. Треба приходната страна да ја зголемувате, кажа Тевдоски на втората сесија на РГ6 на тема „Фискална политика заснована на правила“.

Тевдовски истакнува дека во нашата држава има голема сива економија и една од најголемите алатки е да се намалат плаќањата во кеш.

-Тоа е сериозна мерка против сивата економија. Многу земји одат кон дигитални валути и слично, кои што ќе направат таа неформална економија да се истисне, истакна Тевдовски

Слични содржини