Непознат маж утрово се разнел со бомба на Железничката станица Чачак. Тој се самоубил откако почекал да поминат возовите, а како што неофицијално дознава „Блиц.рс“, мажот се разнел на клупа.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, трагедијата се случила откако мажот почекал да помине патник, а потоа и товарен воз, по што се разнел, не сакајќи никого да убие или повреди.
„Како што слушнавме, мажот седел на клупа, по што ја активирал експлозивната направа и се разнел. Не бевме таму, не знаеме дали било токму така, но така слушнавме“, изјавил еден од граѓаните на Чачак кој случајно се нашол во близина на железничката станица.
На лице место се голем број полициски службеници кои вршат увид.
Освен мажот кој настрадал, нема други повредени лица.
„Седев на клупа на дваесетина метри, не знам точно. Ја чекав пензијата, бидејќи чекаа работниците од блиската пошта, седнав малку таму. Кога пукна, Бог да чува. Целиот се стресов. Подоцна не внесоа внатре во Железничката станица. После слушнав дека човек се самоубил“, изјавил за РИНУ Петар Ѓуровиќ, очевидец на трагедијата.
Фото: Телеграф.рс