Антиќ се потпиша и го поддржа Вучиќ на изборите во Србија

од Nikola Popovski
294 прегледи

Претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ се вклучи во изборната кампања во Србија и ја поддржа листата на „Српската напредна странка“ на претстојните избори кај нашиот северен сосед.

На профилот на артијата на социјалната мрежа Х е објавена негова фотографија со претседателот на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ.

„Кошаркарската легенда Перо Антиќ денеска ја поддржа листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“. Фала ти легендо“, пишува на профилот на СНС.

„Српската напредна странка“ денеска ја доставила листата до тамошната Републичка изборна комисија, заедно со 92.637 потписи како поддршка од српските граѓани.

Носител на листата е претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ, а прв на листата е Милош Вучевиќ.

Слични содржини