Синот на Трамп призна дека потпишал спорни документи на семејната компанија

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Доналд Трамп Јуниор, син на поранешниот американски претседател Трамп, денеска пред судот призна дека потпишал финансиски документи за семејната компанија за кои судијата од Њујорк оцени дека се лажни.

Во вториот ден од сведочењето, Доналд Трамп Јуниор (45) се обиде да ја префрли вината, велејќи дека компанијата се потпира на сметководителите во организацијата Трамп за да се осигура дека финансиските проценки на средствата се точни, објави Ројтерс.

„Тие имаа повеќе информации и детали за сето ова отколку што јас би имал“, рече тој од говорницата за сведоците.

Слични содржини