ВМРО-ДПМНЕ денеска побара да се продолжи рокот на работа на Анкетната комисија за случувањата на Клиниката за Онкологија и да се прошири опфатот на периодот на кој се однесува извештајот на ФЗО. Досега се сослушани 49 сведоци и експерти, а 10 лица не се појавиле пред Анкетната комисија.
Денеска е последниот ден за распит на сведоците, а после него има 30 дена за разгледување на документација, по што Анкетната комисија треба да излезе со заклучоци.
-Група на пратеници можат да проследат барање за проширување на опфатот на работата. Целта е да се испита целосно скандалот, заклучно и денешниот ден. Денеска меѓу сведоците ќе бидат и министерот Оливер Спасовски и обвинителот Љубомир Јовески, изјави претседателката на Комисијата и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.
Таа вели дека е изненадена од неприсуството на распитот на Миле Сугарев, кој што е директор на ФЗО.