218
Овие рибини плескавици го комбинираат богатиот вкус на туна со чадена сланина и зачини, а подготовката е брза и лесна.
Состојки:
– 500 гр туна
– 20 гр чадена сланина
– мала главица кромид
– чешне лук
– една лажичка мелена лута пиперка
– сол, бибер, масло
Подготовка:
Сомелете ја туната во мелница за месо заедно со кромидот, лукот и сланината. Додадете сол, бибер и мелена лута пиперка, сè добро измешајте, а потоа од добиената смеса формирајте плескавици.
Се пржат во тава на врело масло додека плескавиците да добијат убава боја од двете страни. Послужете додека е топло.