Израелски војник ги опиша борбите на теренот во Газа: „Борците на Хамас излегоа од тунелите“

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија на социјалните мрежи снимка од разговор со војник кој наводно во текот на ноќта се судрил со припадниците на Хамас.

Тој рекол дека борците на Хамас излегле од тунелот, испукале противтенковски ракети врз израелските сили и се обиделе да се качат на израелско оклопно возило.

На тој напад одговориле израелските војници и насочувале авиони и напади врз Хамас, при што дел од нив биле убиени, додека другиот дел избегал.

„Борците на Хамас излегоа од тунелите и бевме опколени од неколку страни. Почнаа да пукаат со минофрлачи. Благодарение на добрата подготовка, успеавме да им се спротивставиме и убивме еден дел од милитантите, а другите ги избркавме. Продолжуваме со нашите копнени напади“, рече војникот на ИДФ.

Израелските лидери изјавија дека Хамас ќе биде избришан од лицето на Земјата и дека Газа никогаш нема да се врати на она што беше.

Влегувањето во Појасот Газа значи борби од куќа до куќа и носи огромни ризици за повеќе од два милиони цивили. Официјални лица во Газа, управувана од Хамас, велат дека повеќе од 8.000 луѓе веќе се убиени, а стотици илјади други ги напуштиле своите домови.

ИДФ има дополнителна задача – спасување на повеќе од 200 заложници, кои се држат на непознати локации ширум Газа.

Слични содржини