Палестинското министерство за здравство соопшти денеска дека бројот на загинати во Појасот Газа се искачил на 9.488 од почетокот на војната со Израел.
Според министерството, од тој број 3.900 се деца, а 2.509 се жени.
Во вчерашното соопштение на министерството се наведува дека во војната до тој ден загинале 9.227 лица.