СЗО: Во нападите врз здравствените установи во Газа од 7 октомври досега загинаа 504 луѓе

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека во израелските напади врз здравствените установи во Појасот Газа од 7 октомври досега загинале вкупно 504 лица, 459 биле повредени, а 39 згради биле оштетени и 31 возило на брза помош.

СЗО на платформата Х соопшти дека документирала 102 напади врз здравствени установи во Појасот Газа од 7 октомври.

СЗО истакна дека повеќе од половина од нападите врз здравствените установи се случиле во градот Газа, како и дека во овој град се наоѓаат повеќе од половина од вкупно оштетените болници во Појасот Газа.

Слични содржини