Медицинските сестри од Онкологија го демантираат Мицкоски: Остатокот од лековите не се фрла, уредно се води евиденција

од Nikola Popovski
303 прегледи

Медицинските сестри на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје, денеска ги демантираа изјавите од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, на ден 02.11.2023 година.

Порачуваат дека од административен аспект, односно водење евиденција, на сите одделнија и дневните болници, има и уредно, редовно и секојдневно евидентирање на сите работи во амбулантско-хоспитален дневник, архива на требовања, компјутерска проверка во секој момент е достапна, и се однесува на салдо во моментот, опијатни тетратки и тетратка на потрошени цитостатици (картици).

Исто така порачуваат дека сите лекови кои се требуваат од аптека и има остаток од истите, се употребуваат за следни пациенти. Остатокот не се фрла, како што истакнуваат, со цел заштеда на истите. Тој е уредно евидентиран во амбулантски дневник во Одделот за цитостатска терапија-Дневна болница.

-За тврдењето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, за давање лекови во тобичка, можеме да кажеме дека терпијата за пациентите е сериозна работа и се даваат лекови на пациенти надвор од клиниката, односно станува збор за редовна терапија во вид на таблети и ампули, со цел да се аплицираат во матичен медицински центар или со домашна посета, со уредно напишан извештај од лекар. Напоменуваме и појаснуваме дека станува збор за симптоматска терапија, која не е терапија на условен буџет од ФЗОРСМ, туку редовна терапија која се аплицира преку домашна посета или матичен лекар. Со истото финансиски се заштедува на трошокот на пациентот и секојдневно доаѓање на клиниката.

Aпелираме до целата јавност, да престанат препукувањата на политичките партии преку клиниката, и да се остави клиниката да функционираа нормално и без било какви притисоци, со цел да се заштити здравјето на пациентите, кои секој ден доаѓаат на клиниката и се лекуваат, како и вработените во истата, стои во соопштението од Клиниката за онкологија.

Слични содржини