Семејна драма во скопски Чаир, откако жена била нападната од нејзиниот сопруг и негови блиски, соопшти полицијата.
Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 01.00 часот по полноќ, во СВР Скопје, 38 – годишна жена пријавила дека на 05.11.2023 околу 19.30 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзините сопруг А.И.(46), свекрва С.И.(71) и золва А.И.(43), сите од Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.