184
Израелците ноќеска запалиле свеќи на Ѕидот на плачот во Стариот град во Ерусалим за секоја жртва на нападот на Хамас врз јужен Израел пред еден месец.
Насобраните запалија свеќи, а на ѕидините на градот беа проектирани фотографии од околу 240 заложници кои ги држеше Хамас во Газа, јавува Би-Би-Си.
Повеќе од 1.400 луѓе беа убиени во Израел, повеќето од нив на 7 октомври, во нападите на Хамас кои го започнаа конфликтот, а 242 заложници беа однесени од Израел во Појасот Газа.
Во Појасот Газа денеска бројот на загинатите во војната меѓу Израел и Хамас надмина 10.000, меѓу кои 4.100 деца и 2.640 жени, покажуваат податоците на локалното министерство.