Агенција на ОН: Во Газа се случува хуманитарна трагедија од колосални размери

од Stefanija Kuzmanovska
157 прегледи

Ситуацијата во Појасот Газа е „трагедија од колосални размери“, оцени денеска Агенцијата на ОН за помош и работа на палестинските бегалци (UNRWA), еден месец по почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

UNRWA во објава на мрежата X наведува дека еден месец на луѓето низ Појасот Газа им се одбива помош, умираат и се принудени да ги напуштат своите домови поради бомбардирањето.

„Секојдневно се борат да добијат леб и вода.  Луѓето се одделени од најблиските и остатокот од светот. Ова е принудно раселување и хуманитарна трагедија од колосални размери“, се наведува во соопштението, пренесува „Танјуг“.

По нападот на Хамас, Израел започна силни воздушни напади и воведе блокада на Појасот Газа, а потоа копнените единици на израелската армија влегоа во палестинската енклава.

Бројот на загинати Палестинци во Појасот Газа од почетокот на конфликтот надмина 10.000, од ​​кои 4.100 се деца, соопшти вчера министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас.

Слични содржини