Лидерот на Хамас одби да признае дека убивале цивили во Израел

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Еден од највисоките водачи на Хамас, Муса Абу Марзук, одбил да признае дека палестинската милитантна група убила цивили во Израел, тврдејќи дека цел биле само регрути.

Марзук, кој е заменик на политичкиот лидер на Хамас, изјави за Би-Би-Си дека „жените, децата и цивилите се изземени“ од нападите на Хамас.

Тој тврди дека водачот на военото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, Мохамед ал Деиф, им наредил на своите луѓе да ги поштедат цивилите.

Неговите тврдења се во целосна спротивност со огромните докази дека членовите на Хамас пукале во невооружени возрасни и деца, според британскиот јавен сервис.

Доказите вклучуваат видеа од камери на Хамас и сведоштва од прва рака дадени на медиумите.

Израелската влада на Би-Би-Си и на другите медиуми им покажа снимка од камерите на Хамас.

Израел вели дека Хамас убил повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, во нападите на југот на земјата на 7 октомври.

Марзук рече дека заложниците кои ги држи Хамас не може да бидат ослободени додека Израел ја бомбардира Газа.

„Ќе ги ослободиме. Но, мораме да ги прекинеме борбите“, рече Марзук.

Тој беше означен како глобален терорист од американското министерство за финансии и обвинет за неколку точки за координирање и финансирање на активностите на Хамас, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини