Унгарија веќе најави блокада на почетокот на преговорите меѓу Украина и ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

Политичкиот директор на унгарскиот премиер, Балаш Орбан, најави дека Будимпешта ќе го блокира почетокот на преговорите со Украина за влез во ЕУ додека не се исполнат унгарските барања за јазикот на образованието.

„Унгарија отсекогаш била застапник на пристапот на Украина кон Европската унија“, рече тој, сепак, додавајќи дека заострениот закон за јазици променил сè.

Тој изјави дека ќе го блокира пристапот додека не се реши проблемот.

„Новите закони го направија животот на Унгарците во Украина неподнослив“, рече Орбан.

Тој се повикува на неодамна воведениот закон во Украина, кој ги обврзува малцинствата, не само унгарските, да имаат најмалку 70 отсто од своето образование на украински јазик. Затоа, Унгарија е загрижена дека децата кои растат во семејства од унгарско говорно подрачје во Украина ќе имаат потешкотии при учењето.

Слични содржини